Започна меморијалниот турнир во чест на Матрикс

Во спортската сала на економското училиште Перо Наков денеска започна меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на Мартин Симоновски Матрикс.

Турнирот, на кој учествуваат 13 екипи го организира Социјалдемократската младина од Куманово.

Честа да го отворат турнирот го имаа екипите Графо флекс и Пиљара Маце, а покрај нив ќе настапат и Карпош Јуниор, Самет, Оли травел, Водовод, Дрим Тим,  Тргопвски , Биџо, СДММ, Црвена Ѕвезда Фк Победа и СДММ Крива Паланка.

-Денеска се играат осмина финале и четвртфинале утре продолжуваме од 16 часот се полуфиналните натпревари и финалето е закажано за 18 часот.  За прво место доделуваме пехар, медали, фудбал и благодарници. Доделуваме награда и за најдобар играч на турнирот медали добиваа и второ и трето место-истакна Дејан Ивановски секретар на СДММ.

Меморијалниот турнир во мал фудбал се организира петти пат по ред во чест на прерано загинатиот Мартин Симоновски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)