Започна новогодишното украсување на градот

Од вчера започна новогодишното украсување во централното градско подрачје. Различни светилки и украси деновиве ќе бидат поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, и дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне Божинов. Веќе е поставена и шестметарска елка во близина на споменикот Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад, како и една фонтана.

-Во мое и во име на сите вработени во ЈП Паркинг на сите граѓани во општина Куманово да им ја честитам претстојната Нова година и новогодишните празници и да им посакам среќа, љубов, работа, мир, спокој и успешна и бериќетна 2017. Ќе бидат поставени и лед сијалици, светлосни мрежи, фигури во вид на топки и други украси и оваа година изведувач на работата е Линк медија плус Скопје.  Вредноста на договорот е 1.772.000 денари-истакна директорот на јавното претпријатие Паркинг, Фадиљ Шабани.

Во новогодишни бои ќе се украси и плоштадот „Маршал Тито“, кој се наоѓа во близина на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

-Оваа година не е предвидено украсување на Градскиот кеј минатата година ние го направивме сами, со нашите вработени но временскиот период оваа година не ни дозволува такво нешто и ние мора да се придржуваме кон централното градско подрачје-посочи директорот.

Градот е планирано да биде украсен до крајот на јануари, поточно до празникот Водици.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)