Започна новогодишно украсување на градот

Започна новогодишно украсување во централното градско подрачје. Светилки и украси најдоцна до утре треба да бидат поставени на булеварите Трета МУБ, Октомвриска револуција, и дел од улиците 11-ти октомври, Народна револуција и Доне Божинов. Во тек е и поставување на новата шестметарска елка во близина на споменикот Батко Ѓорѓија на Градскиот плоштад, како и една фонтана. Во новогодишни бои ќе се украси и плоштадот „Маршал Тито“, кој се наоѓа во близина на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

-Се надевам и сме убедени дека оваа година Куманово конечно ќе добие сјај на украсување како што му доликува на градот, бидејќи знаете дека последните неколку години бевме критикувани од граѓаните, новинари, советници, од страна на сите чинители на Општина Куманово но оваа година со помош на градоначалникот и советот од буџетот на градот се одвоени милион ипол денари за украсување на градот-истакна директорот на ЈП Паркинг, Фадиљ Шабани.

Старата новогодишна елка, која претходните години го красеше плоштадот, овој пат ќе биде поставена на Градскиот кеј. Годинава Општина Куманово украсувањето на централното подрачје, го додели на скопската фирма Линк медија плус.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)