Започна петицијата за преименување на плоштадот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од денеска започна собирање потписи за промена на името на плоштадот, од сегашниот „Нова Југославија“ во „Македонија“.  Координаторот на советничката група и претседател на општинскиот комитет, Драган Петковски наведе дека поради неименуваните улици, голем број кумановци не можат да го остварат своето право како државјани на Македонија да добијат лични документи. Тој инфомираше дека за преименување на плоштадот веќе е поднесена и предлог точка која треба да се најде на дневниот ред на Советот на Општина Куманово.

-Се надеваме дека со оваа иницијатива ќе го поттикнеме градоначалникот и општинската власт да се разбудат од мирниот сон и да преземат нешто за именување на улиците во Куманово, бидејќи тоа е многу голем проблем за голем дел од нашите сограѓани. Ги повикувам сите граѓани на Куманово кои што сакаат да ја подржат оваа инцијатива да дојдат- додаде Петковски.

Кумановци имаат поделени мислења за оваа иницијатива. Еден дел сметаат дека треба да остане старото име, кое ги потсетува на убавото време, но и по коешто е препознатлив плоштадот. Други пак се согласуваат дека треба да се преименува во Македонија, а има и такви кои нагласуваат дека плоштадот треба да се крсти по истакната личност од Куманово.

Собирањето на потписи за преименување на плоштадот ќе трае до наредната седница на Советот на Општина Куманово. Инаку кумановци кои сакаат да дадат поддршка на оваа иницијатива тоа можат да го сторат на неколкуте штандови кои ќе бидат поставени низ градот, како и во штабот на ВМРО ДПМНЕ, во поранешна Томбола од 10 до 20 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)