Започна пролетно крпење на ударни дупки

Започна пролетното крпење на ударни дупки на улиците во градот. Од Општина Куманово велат дека во  првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на улиците и патиштата во приградските населби.

-Претходните денови се правеше подготовка на ударни дупки, знаеме дека во текот на зимата и по обилните дождови се појавија поголем број на ударни дупки. Денеска правиме подготовка во централното градско подрачје кај Комитет, Народна Револуција, Илинденска, додека другата екипа работеше во населба Карпош. Вчера се потрошени 30 тони асфалт, денеска планираме уште толку- изајви Момчило Јовановски од  Општина Куманово.

Градежните работи ги изведува фирмата „Копи инжинеринг“ од Куманово, а во моментов на терен работат три екипи. За ова пролетно санирање на оштетувањата на асфалтот ќе се искористат средства од минатогодишниот тендер, во кој биле предвидени 12, а потрошени само шест милиони денари.

Од општината очекуваат пролетното крпење на дупки да заврши за една недела, или најдоцна за 10 дена. По ова граѓаните ќе можат да здивнат, бидејќи во изминатиот период се жалеа дека ги испокршија своите автомобили од големите дупки по улиците.

Коментари

коментар(и)