Започна протестот пред судењето на таткото на малиот Алмир

Неколку стотина граѓани припадници на албанската етничка заедница денеска пред Основниот суд во Куманово протестираа против, како што рекоа неправдата нанесена во случајот со четиригодишниот Алмир Алиу.

Тие го повикаа судот да не се шегува со правдата, бидејќи како што рекоа револтот кој се нанесува со неправдата може да избувне со непредвидливи размери.

Пред присутните говореше чичкото на Алмир, Фуат Алиу како и двете лица роднини на момчето. Никој од нив не сакаше да се обрати на македонски јазик, а на медиумите  им поделија транскрипт од обраќањето заверен кај судски преведувач.

„Бараме од овој суд и општо од системот на правда, да не се однесува со рамнодушност спрема гласот на народот. Слушајќи го гласот на овие демонстранти и на овој народ, но и на сите оние кои го поддржаа овој протест, но кои не можеа денес да бидат присутни тука со нас, но повеќе се убедени во правото и правдата, барем да: сами Демири Абдулах и Седат Алиу хитно да се огласат за невиновни и да се ослободуваат од секое обвинителен акт, стои во транскриптот.“

Освен тоа бараат случајот од сообраќајка да се преиначи во убиство со умисла, а воедно семејството на Алмир Алиу да добие обештетување за загубата на синот и физички и душевни последици што ги доживеале.

Со протестот како што велат се обраќаат до извршната власт, премиерот и албанските коалициски партнери да не дозволуваат политизација и етнизација на судовите. Поддршка побараа и од Народниот правобанител, Амбасадата на САД, како и Мисиите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија.

„Сакам да кажам дека ние нема да престанеме да протестираме видејќи овој е нашиот единствен и последен механизам, ако во меѓувреме не и дојде крај на оваа таканаречена правда во Северна Македонија“ рече Алиу.

Инаку за случајот со прегазувањето на четиригодишниот Алмир Алиу, кој се случи на 25 јуни 2016 година, две години подоцна на шест години казна затвор беше осуден Бобан Илиќ за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Кривичниот совет во Основниот суд Куманово ги прогласи за виновни и таткото на детето Седат Алиу кој доби шест години затвор, а на по 9 месеци Сами Демири и Абдула Алиу за сторено кривично дело насилство, со оглед дека на прегазувањето следувала вербална па физичка пресметка меѓу сите инволвирани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)