Започна уписот во средните училишта

Полуматурантите денес и утре ќе одлучат каде сакаат да го продолжат своето образование.

Во последните неколку години најголем интерес од страна на завршените основци има за гимназиските паралелки, за економија и медицина.

Според објавениот Конкурс за упис во следната учебна година , во гимназијата „Гоце Делчев “ во прва година можат да се запишат  340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на српски јазик. Минимумот поени потребни за запишување во гимназијата изнесува 60 поени.

-Досега има пријавено 155 ученика и тоа е задоволително. Интересно е што голем интерес се јавува за општествено- хуманистичкото подрачје, природно –математичкото подрачје и јазично –уметничко. Оваа е веќе трета година како учениците уште во прва година се определуваат на кој смер сакаат да одат. Во претходните генерации кога се определуваа во трета година, тогаш поголем интерес имаше за за јазично -уметничките насоки, а сега правилно се распоредуваат,  во сите насоки кои ги имаме да има по две паралелки. И денеска е утрешниот ден се денови од првото пријавување во првиот уписен рок, изјави Марија Тодоровска, директор на гимназијата  „Гоце Делчев “

Гимназиското образование нуди шест образовни подрачја, -Природно – математичко подрачје (комбинација А) -Природно – математичко подрачје (комбинација Б) -Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) -Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) -Јазично – уметничко подрачје (комбинација А) -Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) .

Потребните документи кои треба да ги достават учениците за упис во некое од средните училишта во земјава се: пријава за запишување, оригинални свидетелства од VI до IX одделение, извод од матичната книга на родените и дипломи доколку ученикот има освоено од некои државни натпревари.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)