Започна уписот на првоодделенците (ВИДЕО)

Во основните училишта започна уписот на првачињата, родени во 2015-тата година.

Во „Крсте Мисирков“ во прво одделение следната учебна година можат да се запишат вкупно 150 ученици, информира директорот на училиштето, Александар Јовановиќ.

-Денеска започнуваме и со упис на првоодделенци, родени во 2015-тата година. Има интерес за запишување, секако. Нашето училиште е со капацитет од 150 ученици за запишување во прво одделение и тоа четири паралелки ќе бидат во централното градско училиште на улицата „ Народна револуција“ и една паралелка ќе биде во истурената зграда на улицата „Тонко Димков“ односно како што велиме ние, кај Соколана. Инаку, минатата учебна година беа запишани 143 првачиња, изјави Јовановиќ.

Коментари

коментар(и)