Започнува кампањата за безбедно возење велосипед

СВР Куманово – отсек за превенција во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и велосипедски клуб ВЕЛО – М отпочнуваат кампања за безбедно возење на велосипед. Кампањата ќе започне утре во 11 часот со реализирање на ревијално возење на велосипеди низ улиците на Куманово.

– Целта е јакнење на свеста кај другите учесници во сообраќајот за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, но и потсетување на велосипедистите дека треба правилно и безбедно да управуваат велосипеди во сообраќајот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Старт е на булеварот „Октомвриска револуција“ а ќе заврши на плоштадот каде полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патничкиот сообраќај ќе контролираат возачи, а велосипедистите ќе им поделат флаери и друг рекламен материјал за безбедност во сообраќајот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)