Започнува со работа отворениот градски базен

Отворениот градски базен утре започнува со работа, информираат надлежните од јавното претпријатие Чистота и зеленило. Цената на билетите останува иста од минатата сезона, односно бесплатен влез за децата до седумгодишна возраст во присуство на родителите, за децата од седум до 12 години билетот чини 75 денари, а повозрасните за влезницата на отворениот базен ќе плаќаат 150 денари.

-Ќе има спасувачи, веќе сме во преговори со Црвениот крст, но ќе имаме и наши спасувачи. Исто така ќе има и минимално количество на храна и пијалоци за освежување. Отворениот базен редовно ќе се чисти, а ќе работи од 10 до 18 часот, а и затворениот базен ќе работи редовно со нормално работни време, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП„Чистота и зеленило“

Отворениот градски базен е со површина од 550 метри квадратни, а се поставени  200 лежалки.

 

Коментари

коментар(и)