Засадени нови садници на Спомен Костурница

Екипи на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, членови на здруженијата Кумановски акцијаши и Извиднички одред, Аметерскиот театар и бројни ученици денеска насадија нови садници на локалитетот Спомен Костурница. Акцијата е во рамки на програмата за борба против аерозагадувањето и стратегијата за озеленување на Куманово.

-Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите присутни волонитери, Здружението Кумановски акцијаши, Аматерскиот театар, Црвениот крст, извидничкиот одред, ЈП Чистота и Зеленило и сите добронамерници на нашиот град за сето она што го прават за нашиот град. Се надевам дека во овој тренд ќе продолжиме да го озеленуваме Куманово-истакна градоначалникот Максим Димитриевски.

На акцијата присуствуваа и високата претставничка на УНДП, Луиза Винтон, како и амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

-Како почесен граѓанин на Куманово ми е посебно задоволство што сум денеска овде, да бидам дел од оваа волонтерска акција,  да помогнам да се разелени нашето убаво Куманово-посочи Луиза Винтон, висок претставник УНДП.

-На ова убаво време ми беше огромно задоволство што можев да присуствувам овде на овој настан, и го почитувам вашето пријателство со Јапонија-додаде Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија.

Во рамки на проектот Зелено Куманово е предвидено во иднина да бидат засадени околу 3000 садници.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)