Засилена акциска контрола на полицијата

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека  завчера во периодот од 23.00 -04.00 часот на подрачјето  на СВР Куманово е  спроведена засилена акциска контрола со цел откривање на возачи кои што управуваат возила под дејство на алкохол.

Од извршената контрола контролирани се 85 возачи, а кај 27 возачи е утврдено присуство на алкохол.

Во акциската контрола преземени се вкупно 80 мерки од кои 27 возачи се исклучени од сообраќај,  а откриени се и  8 останати прекршоци, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)