Засилени акции за поголема безбедност во сообраќајот (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли низ земјава. Изминативе два дена санкцинирани се 1069 возачи за пребрзо возење, од нив 181 во Куманово.  Од МВР со став контролите даваат резултати, безбедноста е подобрена.

Откако почнаа овие засилени акциски контроли имаме зголемена безбедност на патиштата, намален е бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви. Во периодот од 1-ви јануари 2021 година до 15-ти април споредено со истиот период во 2020 имаме намалување на сообраќајните незгоди за 12 проценти, а бројот на жртви  во сообраќајни незгоди за 14 проценти.  Апелирам до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесеме за безбедноста на сите учесници во сообраќајот-истакна Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Од МВР упатуваат и благодарност до мнозинството граѓани коишто ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и возат како што е пропишано и така заеднички придонесуваат за заедничка општа безбедност, а уште еднаш апелираат до оние неодговорни да ги променат своите навики и  тие да се приклучат за да има безбедност.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)