Затворена градската библиотека, поради коронавирусот

По одлука на Владата, како превентивна мерка со цел спречување на ширењето на коронавирусот од денеска е затворена кумановската библиотека „Тане Георгиевски“.

Библиотеката првично вчера ги откажа сите настани, промоции на книги, средби со писатели до 24-ти март, го скрати работното време и ја затвори читалната за посетители.

Но, Владата подоцна одлучи на ниво на државата да прекине работата на библиотеките, студентските и учениците домови, во наредните 14 дена, а вработените во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)