Затворена изложбата на четири српски уметници

Во галеријата на Македонската академија на науки и уметности викендов свечено беше затворена изложбата на слики насловена Добровиќ, Шумановиќ, Коњовиќ, Шупут- Европски контексти, која ја реализираше Галерија Матица српска во рамки на меѓународна соработка.  Љубителите на уметноста имаа можност да видат 40-ина дела на значајни српски уметници Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут, благодарение на соработката помеѓу МАНУ, Српската академија на науки и уметности, Амбасадата на Република Србија во Македонија, со поддршка на Министерството за култура и информации  и информациско општество на Република Србија.

-Сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа да ја реализираме оваа голема изложба. Да им се заблагодарам на галерија Матица Српска од Нови Сад која ни го приушти тоа заедоволство. Да се заблагодарам на МАНУ, која е домаќин на изложбата и на сите кои ја видовте и покажавте интерес а тоа е важно изложбата да живее а не може да живее ако не нема сите нас заедно-истакна Душанка Дивјак Томиќ  амбасадорка на Република Србија во Македонија.

Пред присутните се обрати и Весна Буројевиќ, директорка на Галеријата на слики Сава Шумановиќ во Шид. Таа зборуваше за животот и  делото на Шумановиќ.  Нагласи дека тој е еден од најзначајните српски уметници во првата половина на 20-от век, кој создал околу 800 дела.

-Емотивната врска која уметникот ја оствари од детството се покажа на примерот на Сава Шумановиќ како и на многу други уметници тоа е нераскинлива. Кога со 28 години се врати во Шид и кога со своите очи ги забележал богатствата и колоритот на родниот крај се осмели да го наслика. Тогаш прв пат наслика 20-ина слики од околината на градот и пошироко-посочи таа.

Изложбата е реализирана во рамки на програмата за меѓународна соработка под покровителство на Министерството за култура, информации и информациско општество на Република Србија.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)