Затвореници добија уверенија за бравари и пекари

22 осудени лица во Затвор Куманово денеска добија уверенија за завршена обука за занимањата бравар и пекар. Стручните обуки  ќе овозможат полесно вклучување на пазарот на трудот и конкурентност на пазарот по отпуштањето  од казнено -поправната установа, а со тоа и нивна поуспешна ресоцијализација, сметаат надлежните.

-Организирање на образовен процес за (до) оформување на започнатиот степен на основно и средно образование во казнено-поправните и воспитно –поправните установи ќе овозможи позитивно влијание врз личноста, семејството и  заедницата и ќе ги намали ризикот од однесување спротивно на законот, изјави Лидија Гаврилоска, директор на Управата за извршување на санкции

Обуките  во кумановскиот Затвор,  Управата за извршување на санкции ги спроведува во соработка со министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации-УНДП.

-Се надеваме дека вештините со коишто се стекнавте во пекарството  и браварската работа ќе ви помогнат полесно да најдете работа или да отворите сопствен бизнис по истекот на казнената мерка, изјави  Лујза Винтон, постојан претставник на УНДП

 Како резултат на постигнатиот успех  од првите обуки , неодамна започнале да се реализираат и вториот циклус  обуки во затворот за пекар и аргон заварувач во кој се вклучени 23 лица, посочи министерот за образование и наука.

-Напоредно започнаа да се реализираат обуки и во затворот Штип, каде се одвиваат обуките за готвач, бравар и аргон заварувач, изјави Пиштар Лутфиу, министер за образование и наука

Надлежните се надеваат дека ваков тип на стручно оспособување ќе биде редовна пракса и во другите поправно казнени установи во државата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)