Затворен угостителски објект во Куманово, работел повеќе од дозволеното

Уште еден угостителски објект во Куманово е затворен од страна на полицијата и инспекторите поради непочитување на времето за работа.

При ненадејна контрола во познат угостителски објект што се наоѓа на улицата Професор Мијалковиќ, на празникот Водици, околу 19.30 часот, констатирале дека овој објект не работи во  дозволеното работно време. Притоа, таму биле затекнати десетина лица како гости и сопственикот М.С. (48 годишен) од Куманово, нè  информираа од Секторот за внатрешни работи од нашиот град.

Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На само два дена пред враќањето на старите рестриктивни мерки за работно време на угостителските објекти, овој ресторан не успеа да се воздржи од задоволување на потребите на кумановци за прослава на големиот ни празник Водици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)