Затруените деца во подобра здравствена состојба, инспекторатат со нови мерки (ВИДЕО)

Подобрена е здравствената состојба на затруените деца од кумановската градинка „Ангел Шајче“. На детскиот оддел при општата болница се хоспитализирани пет деца, а бројката на затруени се искачи над 45.

Од детскиот оддел нагласуваат дека периодов активни се и вирусните инфекции, па двојно поголема е бројката на деца, кои се јавуваат со слични симптоми, а кои не посетуваат градинка. Затоа велат да ги почекаме резултатите. Детскиот оддел го посетиле и епидемиолози од Центарот за јавно здравје Куманово, при што зеле брисеви.

На расчистување на случајот работат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолози од Центарот за јавно здравје Куманово.

По нивна одлука е затворена кујната, во којашто се подоговувале 350 оброци дневно. Забранети се за употреба и занималните во кои што биле групите во кои се регистрирани децата со симптоми на труење со храна, а нема да функционираат ниту останатите 2 чајни кујни во клонови каде што се дистрибуирала храна од кујната. Темелно механички ќе се исчистат сите простории, со вршење вонредна дезинфекција од овластена служба.

Простории ќе бидат затворени се до добивање на негативни резултати од земените брисеви. Ќе се извршат и вонредени здравствени прегледи на вработените во кујната.  Резултатите се најавени за неколку дена.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)