Захариева: Списокот го испративме неколку пати, но не добивме одговор

Директорката на јавната здравствена установа Општа болница Куманово, д-р Снежана Захариева, изјави дека списоците со здравствените работници што сѐ уште не се повикани за вакцинација неколку пати му се испраќани по мејл на лицето што Министерството за здравство го назначило за овие листи, но никој ниту одговорил, ниту ги повикал оние што се на списокот.

„Точно е дека сѐ уште има здравствени работници што се на список, но не се повикани за вакцина. Најодговорно ви тврдам дека неколку пати овие списоци се испратени до Министерството за здравство, односно до лицето што нам ни е посочено како одговорно за евидентирање на здравствените работници што треба да се имунизираат. Но никој не ги повикал. Тоа не е моја вина и јас не сум таа што ги повикува и ги вакцинира овие лица. Како одговорна за ковид-центрите јас ви тврдам дека што е до мене, би сакала сите здравствени работници да бидат вакцинирани и да може барем колку-толку поспокојно да работиме. Никој, а најмалку јас, не сака да ни се разболуваат вработени овде кога трите ковид-центри во Куманово се полни со пациенти.“ Каде завршил списокот и зошто никој ниту одговорил, ниту ги повикал лекарите, болничарите, медицинските сестри… не се знае.

Директорката Захариева вели дека има многу заразени лица и дека за да се одговори на напливот на пациенти болни од ковид-19, потребни се здрави и имунизирани здравствени работници.

Вчера Министерството за здравство повторно побарало список на лица, но овој пат и за оние што не се здравствени работници, а работат во ковид-центрите. „Огромен е бројот над 90% од сите здравствени работници што работат со ковид-пациенти и коишто веќе се вакцинирани и ревакцинирани. Во текот на овие денови оние дополнителни пријавени здравствени работници од сите јавни и приватни здравствени установи што не беа опфатени се вакцинираа во А1 Арената Борис Трајковски. Сите што сакаат и ќе се пријават за вакцинација ќе може да се вакцинираат“, стои во одговорот испратен од МЗ до mkd.mk од каде што ja преземавме оваа информациja

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)