Захариев: Месечен надомест за над 1200 ученици и студенти

„Преку измените на Законот за ученички стандард и на Законот за студентски стандард, обезбедуваме правна рамка за реализација  на важна мерка од четвртиот пакет антикризни мерки“, рече на денешната прес-конференција Мартин Захариев, претседател на СДММ во Куманово. Мерката предвидува обезбедување месечен надомест за приватно сместување за над 1200 ученици и студенти, објасни Захариев.  

-Поради коронавирусот, ученичките и студентските домови ќе работат во посебни околности и по строго утврдени протоколи за да се заштити јавното здравје. Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање. Оваа мерка опфаќа 884 студенти и 347 ученици, а за нејзина реализација ќе се искористат 44 милиони денари од Буџетот, предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки. Како одговорна партија, СДСМ и во време на пандемија покажува вистинска грижа за младите, за студентите и учениците, рече Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово

Дополнувањата на Законот за студентскиот стандард и на Законот за ученичкиот стандард беа усвоени по скратена постапка на 09 октомври во рамки на продолжението на 15-та седница на Собранието.

.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)