За наше Куманово: Граѓаните на референдум нека одлучат за законите

Извршниот одбор на Здружението За Наше Куманово на седница донесе заклучок по измени на Закон за матични книги и Закон за родова еднаквост. Здружението велат делува и функционира во духот на традиционалните општествени норми со кои јасно е дефинирана половата/родовата припадност на луѓето од моментот на зачнувањети и раѓањето на половата единка се до нејзината смрт. Ги задржуваме традиционалните лични вредности, при тоа почитувајќи ги сите ставови и определби во општеството. Ние како здружение предлагаме овој тип на суштествени прашања во иднина да бидат ставени на изјаснување од страна на граѓаните преку разни демократски форми како што е референдумот, стои во соопштението од здружението.

Коментари

коментар(и)