(ВИДЕО) „За наше Куманово“: Да се врати сјајот „Град на спортот“

Во изминатите четири години многу се инвестираше во спортот и спортските капацитети, дозволете ни и во наредните четири години Куманово да го добие стариот сјај на Град на спортот. Имаме план и визија како да ја реализираме оваа цел, истакнаа на денешната прес конференција од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Кандидатот за советник Петковски, потсети дека е во тек реконструкција на кровот а во следниот период целосно ќе се реконструира спорската сала. Завршена е и првата фаза од реконструкција на Соколана, по што ќе следи и санација на објектот и партерно уредување.

-Ќе го реконструираме градскиот стадион за полни трибини и нови спортски победи. Ќе изградиме нови и модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, но и во секоја урбана или месна заедница каде во моментов нема. Ветуваме дека по победата на локалните избори ќе следува и целосна реконструкција на спортски комплекс во поранешен Дом на АРМ, со мултифункционално игралиште со тартан подлога, спортска опрема и реквизити, како и реконструкција на трибини-нагласи Дарко Петковски-Спејко.

Од иницијативата За наше Куманово најавуваат и изградба на трим патеки на градскиот кеј и други локации, како и отворени фитнес зони, мини аквапарк, скејт парк.

-Преку зголемување на буџетот за спорт ќе продолжиме да даваме поддршка за развој на спортот и спортски клубови преку општински сојуз на спортови. Ќе организираме спортски активности и натпревари на локално, национално и интернационално ниво. Ќе ги стимулираме индивидуалните спортови и ќе го јакнеме и развиваме училишниот спорт, затоа што спортвувањето е еден од најважните фактори за развој на здрав организам уште од најмала возраст-дополни Петковски.

Од граѓанската иницијатива За наше Куманово укажаа дека развојот на Куманово е можен затоа што имаат реална и остварлива програма.

Коментари

коментар(и)