(ВИДЕО) „За наше Куманово“: Се соочуваме со закани и местенки

Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, на прес-конференција потенцираше дека од самиот старт, но и пред почетокот на изборната кампања се соочуваат со страшни притисоци.

– Ова е недемократски изборен процес од страна на поединци од власта која ги злоупотребуваат државните институции во лични и партиски цели. На 2 недели пред почетокот на кампањата за локални избори, апелиравме
дека се вршат зачестени притисоци врз кумановци, врз вработени во јавната администрација, во средните и основни училишта, врз членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз.

Од централната власт и поединци од раководни позиции бевме напаѓани дека сме ги злоупотребувале институциите во пресрет на локалните избори. Но, лажните претставувања за нас ги натера да ги прават истите работи против кои сите ние заедно сме се бореле во минатото.

Со докази излеговме во јавноста дека Централната власт и поединци од раководни позиции вршат злоупотреба на својата позиција. Испраќаат смс пораки и вршат притисок на вработени во државните институции за да
доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи.

Министерството за внатрешни работи е злоупотребено од поединци од СДСМ кои оваа државна институција ја злоупотребуваат за личен рејтинг и победа на локалните избори.

Министерот на оваа институција бара професионално работење кое не се базира на политика, но реалноста е дека вработените ги користи за партиски цели.

Целиот овој изминат период не знаеме всушност кој е кандидатот за градоначалник на општина Куманово. Дали тоа е Оливер Илиевски или Оливер Спасовски? Затоа што и двајцата заедно одат на скоро сите активности. Спасовски зборува како кандидат за градоначалник, а Оливер Илиевски аплаудира!

Покрај ова, Спасовски ја злоупотребува институцијата Министерство за внатрешни работи со вршење притисок врз вработените на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски преку стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и влезени во годишната програма.

Коментари

коментар(и)