За прв пат се одржа Бадникова поворка

Околу 50 деца носејќи ја пештерата на раце, икони и торбички за дарови со песната Вечниот Бог го навестија раѓањето на Исус Христос. Свечената поворка започна од црквата Свети Никола каде дечињата добија блогослов од митрополитот на кумановско осоговската епархија, Јосиф и продолжија низ централното градско подрачје, па се до локалната самоуправа.

-Дечињата си добија пригодни подароци многу се радосни и весели, продолжуваме понатаму низ централното градско подрачје, просторот околу плоштадот посетуваме неколку семејства, продавници, трговскиот центар Сума, и идеата беше да одиме и до Старо Нагоричане меѓутоа поради снегот, жал ми е што ќе мора да им кажеме да децата од Нагоричино кои што не чекаа да се споиме во заедничка поворка и да поминеме и во нивната општина, им ветуваме дека наредната година ќе ги вклучиме во плановите-истакна Ружица Денковска, иницијатор на Бадникова поворка.

Првиот човек на градот Зоран Дамјановски на децата им подели пригодни подароци.

-Ова е иницијатива на нашата епархија Кумановско осоговска за Бадникова поворка која негува традиции кои се во согласност со библиите на православието. На некој начин за разлика од индивидуалните обиди и некои обичаи кои не се усогласени со МПЦ и епархијата ова е еден многу убав гест каде поворката, кои пеат пригодни песни кои се пригодни, ги примив им дадов божиќни дарови кои се на еден начин симбол за Христосовото рождение-посочи тој.

Организаторите, односно група верници од Куманово, планираат  бадниковата поворка да прерасне во традиција. Велат дека се задоволни од реакциите на граѓаните.

-Во прв момент се зачудени но не се сигурни за што точно се работи но кога ќе ја разберат идеата, концептот денеска како не гледаат како одиме по улиците, сите се интересираат. Имавме и ситуации ние поминуваме човек да ја запре поворката за да се поклони на пештерата и остави пари-додаде Денковска.

Собраните средства ќе завршат во хуманитарни цели, односно за 13-годишното момче Давид Стојановски од Кратово, кој боледува од канцер.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)