За санација на штетите од поплавите се потребни 13 милиони денари

Околу 13 милиони денари чинат штетите од поплавите кои во јануари и февруари годинава го зафатија кумановскиот регион.  Надојдените води предизвикаа излевање на речните корита на Крива Река, Пчиња, Кумановка, Којнарка и Липковка.

-За физичките лица е околу 5.700.000 денари, а за инфраструктурните објекти 7.200.000 денари.  Тоа се штети настанати во подрачјата Јачинце, Клечовце, Довезенце, Пчиња, Доброшане и Шупли Камен и по течението на реката Липковка во Бедиње и Режановце, каде што има неколку урнати мостови  и локалните патишта имаат претпрено одредени штети-наведе претседателот на комисијата за проценка на штети, Цоки Ристовски.

Инаку Советот на Општина Куманово го усвои извештајот за настанатите штети и сега истиот треба да се испрати до Владата на Репулика Македонија, односно до Републичката комисија за проценка на штети.

Советниците од СДСМ сметаат дека и покрај тоа што тие континуирано ги усвојуваат ваквите извештаи, се уште не се носат одлуки за обештетување на жителите на Куманово.

– Години наназад граѓаните имаат проблеми со излевање на реките од речните корита на територија на Општина Куманово. Но и последниот пример кој покажува дека Владата донесе одлука собраните средства од донации да ги распореди на останатите општини во Република Македонија, кои што беа загрозени со поплавите, а на Општина Куманово повторно не додели никакви средства, покажува дека не е заинтересирана и Кумановци ги смета како граѓани од втор ред-истакна претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тие упатија апел надлежните да ги обештетат сите граѓани, кои што се задесени од овие елементарни непогоди.

Коментари

коментар(и)