За шест часа 120 казни за брзо возење

За само шест часа вчера кумановската полиција напишала вкупно 101 казна поради управување возило со брзина над дозволеното. Во зајакнатата акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 121 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Најголем дел од казните, или вкупно 101 биле напишани во Куманово, 11 во Крива Паланка и 9 во Кратово.

Засилените акциски контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментар(и)