Зголемена вкупната реализација на кривични дела

„Нарушувањето на јавниот ред и мир е во опаѓање, појавни облици на насилен криминалитет се во значително намалување и немаме оперативни сознанија кои би покажале спротивно на мојата констатација дека безбедносната состојба е поволна. Ова е најважен дел од извештајот кој би требал да го засега граѓанинот“ , рече командирот Игор Митевски, на денешната седница на Советот, презентирајќи го годишниот извештај за 2018-та година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово.

Претходно советниците од опозицијата имаа забелешки и прашања во однос на извештајот. Дел од нив сметаа дека зголемената реализација на кривичните дела треба да доведе до намалување на нивниот број, а не до 20 процентно зголемување на кривичните дела споредбено со истиот период минатата година. Инаку, во 2018- та година зголемена е вкупната реализација  од 58,3 на 66,6 , односно за околу пет отсто.

Исто така, симптоматично е, според советникот Зоран Петрушевски, што иако Куманово минатата година беше на листата на најзагадените градови во државата и пошироко, сепак полицијата не регистрирала ниту едно кривично дело против животната средина и природа.

– Нашиот град е еден од најзагадените градови, па ми е чудно токму во овој дел имаше секакви палења пластики, масл,  комуналната инспекција работеше забрзано некако во две-три  смени, и на крај еве полицијата вели дека не регистрирале ниту едно кривично дело кое има врска со таа работа, палење загадување итн. Тоа навистина ми боде очи. Секоја чест на зголемената успешност во работењето, но го поставуваме прашањето  дали оваа појава е во пораст во Куманово, ако повеќе фатиле дали е поголемата фрекфенцијата на овластеното производство или тие се поефиаксни, ако е така добро е, но ме загрижува да не е зголемен обемот, рече Зоран Петрушевски, советник

-Она што ме загрижува, а би требало да ги загрижува и граѓаните, што бројот на кривични дела е зголемен за 20%. Ако во 2017 –та имало 1.170,  во 2018 –та се 1.404, така да ова е веќе според мене сериозен проблем бидејќи граѓаните не ги интересира колку е направена реализација на кривични дела туку колку кривични дела се направени. Без разлика и 100 отсто да е реализација, ако двојно се зголеми бројот на кривични дела тие се веќе направени, зголемена реализација, ама и зголемени кривични дела, што повеќе ги фаќаме сторителите повеќе се зголемува нивниот број. Мислам дека треба нешто повеќе да се направи за превенција за да се спречат сторителите уште пред да ги направат тие дела, рече Драган Петковски, советник

Според извештајот, во врска со  т.н. недозволена трговија на наркотични средства минатата година откриени се 31 за разлика од 2017-та  кога имало 17,  12 реализирани кривични дела  за неовластено производство на дроги лани , што значи за осум повеќе од претходната година кога имало 4,  6 дела овозможување на употреба на наркотички дроги, за разлика од 2017 кога имало едно. Од страна на полициските службеници со пајак службата минатата година биле кренати 1.703 патнички возила, а во 1.711случаи  само почнала процедурата за кревање, но  луѓето биле во близина и на лице место ја платиле обврската .

-Што се однесува до недозволената трговија, вкупната заплена на наркотични дроги за 2018 –та изнесува 1854грама или 1,8 кг марихуана, 94,8 грама кокаин, 13,8 гр. хероин итн. Тоа е децидно колку се запленети наркотични дроги, вашата констатација дека има поднесено повеќе кривични приајви, во криминалистичка наука постои термин темна бројка, кривични дела кои постојат кои  не се пријавени и откриени. Ова е констатација на таа бројка. Резултат на зголемени кривични дела е зголемена оперативна работа на полициските службеници. Ова е показател дека се работи добро. Се зголемува оперативната работа, откривачката дејност на полициските службеници е  49 повеќе од економски  криминал, 26 НТШ, 7 организиран криминал за разлика од претходната година. Значи дека службениците работеле повеќе од претходните години, повотнро се задира во поимот темна бројка, рече Игор Митевски, командир на ПС од Општа надлежност Куманово

Во врска со присуството на малолетни лица во кафе барови и точење на алкохол на малолетниците, командирот Митевски потенцираше дека минатата година на барање на полицијата извршени се шест акциски контроли со УЈП и Државниот пазарен инспекторат во угостителски објекти за кои имале сознанија дека се собираат малолетни лица. Во тие контроли  се преземени низа мерки. Поднесени се шест прекршочни пријави поради овозможување присуство на малолетни лица во угостителски објекти или простории за забава по 24 часот, поднесени се и три кривични пријави за објектите  во кои се точел алкохол на малолетници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)