Зголемена побарувачка на девизи во менувачници

За време на вооружената акција во Куманово, во приватните менувачници во градот се зголемила побарувачката на девизи во замена за денари. Поради стравот од влошената безбедносна состојба, кумановци во петок и сабота се одлучиле да купат повеќе девизи, бидејќи така се сметаат за посигурни. Во менувачниците во кои што прашаваме, не сакаа да заборуваат пред камерата, но потврдија дека посебна навала за евра имало во саботата и според нив тоа не е ништо невообичаено во ваква состојба.

Дел од граѓаните кажуваат дека во сабота и недела имале проблем да подигнат пари, бидејќи повеќето банкомати биле празни, веројатно затоа што сите поитале да си ги извадат средствата. Но, со почетокот на работната недела состојбата се нормализира. Кумановци велат дека состојбата се смирува и затоа немаат потреба да менуваат денари за евра.

Зголемената побарувачка на девизи во петок и сабота е резултат на психолошкиот немир на граѓаните и неизвесната состојба.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)