Зголемени безбедносни мерки за матурските прослави

Традиционалното собирање на матурантите пред училиштата и дефилирање  со плех музика низ градските улици и плоштадот годинава ќе биде одминато. Беше утврдено на состанокот организиран од oдделот за превенција во соработка со секторот за образование од Општина Куманово на кој беа присутни претставници од средните училишта во градот.

Во пресрет на матурските прослави се предвидуваат зголемени мерките на безбедност поради моменталната состојба во земјава.  На локациите каде ќе бидат организирани матурските забави ќе има соодветно полициско обезбедување. Секоја година одделот за превенција става акцент на безбедни матурски и полуматурски прослави со цел спречување на појава на инциденти и насилство. Од таму апелираат учениците за време на прославата да се воздржат од употреба на алкохол, а посебно да ги почитуваат правилата за возачите почетници. Исто така се препорачува матурантите да се воздржат  од насилство и меѓусебни расправии за да не прераснат во сериозни последици кои ќе го нарушат редот и мирот. Од големо значење е матурантите да ја помнат матурата како убав спомен, а не како трагедија.

Дополнително ќе бидат поделени летоци низ училиштата преку кои учениците ќе бидат насочени како да се однесуваат за време на матурските забави за да спречат одредени несакани дејствиа. Матурскиот бал кој традиционално го организира Опшината годинава нема да се одржи поради безбедносни причини. Инаку од наредната недела средните училишта од градот ќе ги организираат своите матурските прослави.

Коментари

коментар(и)