Зголемени субвенции за органските производители

Претставници од Здружението на органски производители на Куманово, денекса присуствуваа на предавање за органско производство, организирано од страна на Федерацијата на органски производители на Македонија. Запознавањето на производителите со мерките за поддршка од страна на државата и претставување на новите начини на одглевуање беа главните цели на денешното предавање.

– Оваа година имаме зголемување на субвенциите, што е по мене значајно зголемување. Зависно од културата и начинот на производство, од 50 до 100 отсто, тоа е голем исчекор од страна на надлежното Министерство за земјоделие, изјави Горан Ангеловски, извршен директор на Федерацијата на органски производители на Македонија.

Ангеловски се надева дека со зголемувањето на субвенциите ќе се зголеми и органското производство во регионот.

– Не е еден од најразвиените региони во овој поглед, во минатата имаше повеќе, сега е намален бројот. Свеста за тој начин на исхрана се зголемува во Македонија и постојат алтернативи за продажба на ваквите производи, додава Ангеловски.

Пчеларот Новко Величковски, еден од присутните членови од Здружението на органски производители на Куманово, вели дека и покрај тоа што за овој вид на прозиводство е потребно да се посвети големо внимание, потрошувачите се многу малку запознаени со органските производи, но голема улога кај купувачите игра и повисоката цена на овие производи.

– Има многу мала пропаганда за органско производство, треба повеќе медиумите да се занимаваат со тоа и да имаме поголема реклама, изјави Новко Величковски, пчелар.

Величковски додава дека иако цената на органските производи е малку повисока од цената на обичните, на граѓаните тоа им претставува проблем при купување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)