Зголемени цените на угостителските услуги, според ДЗС

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во споредба со декември 2021 година, е зголемен за 2.4 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 3.3 %, алкохолни пијалаци за 2.4 %, безалкохолни пијалаци за 0.9 % и ноќевања за 0.3 %, велат од статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4.2 %.

Зголемување на цените на угостителските услуги имаше и во декември во споредба со ноември минатата година за 0,5 отсто.

Коментари

коментар(и)