Зголемено присуство на полиција во Куманово

Низ улиците во градот е забележливо зголемено полициско присуство. Припадници на безбедносните сили ги блокираа улиците „11 Октомври“ и „Тодор Велко“, каде што се наоѓаат повеќе државни и локални институции и на истите не е дозволено движење на возила.

Од МВР изјавија дека преземаат мерки поради безбедносната состојба во градот.

За потсетување, минатиот викенд полицијата спроведе акција за разбивање на терористичка група во „Тоде Мендол“. Во истата загинаа осум припадници на безбедносните сили, а 40-ина беа повредени, додека од другата страна беа убиени 14 теорористи, а 30 приведени.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)