Зголемен бројот на пожарите

131 интервенција бележи територијалната протипожарна единица Куманово во август месец годинава, повеќе од двојно споредбено со истиот период минатата година, кога бројот на пожарите изнесувал 60, информира командирот Деан Илиевски. Од вкупниот број пожари, 85 проценти биле на отворен простор.

 Во септември месец пак, се интервенирало на петнаесетина пожари, исто како и минатата година.  

-Целата 2018-та година ТППЕ Куманово ја заврши со вкупен број од 519 интервенции. Досега, до денешен ден бележиме 479 интервенции што е значително поголем број во однос на минатата и изминатите неколку години. Оваа година бројот на пожарите навистина е енормно зголемен. Не би сакал да шпекулирам, меѓутоа јавна тајна е дека 90 проценти од пожарите на отворен простор се предизвикани од човечки фактор. Тоа го знаат сите, меѓутоа не знам зошто не се преземаат конкретни мерки против сторителите, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово  

Досега територијалната противпожарна единица успешно се справува со пожарите, без разлика дали се на отворен простор или во урбана средина, посочуваат надлежите.

-Сега за сега солидно сме екипирани, се надевам дека ќе продолжи трендот на зголемување на бројот на вработените во ТППЕ Куманово, како и доекипирање во однос на возила, противпожарна опрема и техника која недостасува на нашата единица, изјави Илиевски.

Една од локациите каде што често се интервенира од страна на пожарната, екипите на „Чистота и зеленило“, општината е дивата депонија на влезот на населбата Перо Чичо, но дел од граѓаните сепак немаат свест за чиста и здрава животна средина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)