Зголемен број на пациенти со скршеници

Зголемен број скршеници посебно кај постарите лица и децата регистрира Општата болница. Од петти јануари годинава, кога падна првиот снег, одделението за хирургија прифаќа од  триесет до четириесет пациенти дневно. Началникот на хирургија, доктор Методија Димковски информираше дека вообичаено се работи за скршеници на екстремитетите и колковите.

-Десетина се обични контузии кои завршуваат со преглед, испитување, евентуално ренгенски или клинички, ги пуштаме дома од останатите кои имаат скршеници дел од нив кои се за конзервативен третман ќе ги мобилизираме и пак ги пуштаме дома а за целиот период околу 10-ина има хоспитализирани, болничко лекување и после ден два се пуштени дома-посочи Димковски.

Тој укажа дека е најдобро веднаш по падот да се обратат кај нив, каде ќе бидат соодветно згрижени. Најголем дел од пациентите се деца, кои се играат на снегот, и вообичаено тие доаѓаат со скршеници на рацете, како и возрасни луѓе кои имаат остеопороза. Има и пациенти со скршени ребра, кои паѓаат на тротоарите.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)