Зголемен број на прекршувања на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.04/20.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 94 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни пријави, најмногу се во Куманово 59, во Крива Паланка 29 и во Кратово 6.

За нив, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 9 лица не ја почитувале забраната за движење.

Коментари

коментар(и)