Зголемен е интересот за индустриската зона во Речица

Во индустриската зона Новине и Речица изминатиот период е изградена  пристапна инфраструктура и атмосферска канализација, а минатата недела Општина Куманово организираше виртуелен состанок на кој сè повеќе се популаризира и им се презентира на идните потенцијални купувачи на земјиштето. До сега има заинтересираност од домашни и странски фирми, а градоначалнкот најави организирање на дополнителни презентации за претстојното јавното наддавање кое е планирано да биде кон крајот на мај.

–Зоната има голем капацитет, се простира на површина од 67 хектари има повеќе од 50 парцели на кои може да се врши градба на капацитети од лесна, незагадувачка индустрија, има локации за трговски единици, шопинг центри и хотелски капацитети. -изјави Димитриевски.

Цената и големината на парцелите се различни, за Г2 цената е 61, за хотелски комплекси 283 и за големите трговски единици 800 денари по метар квадратен. Надоместот за комуналии е 40 денари за метар квадратен, доколку добијат право на градење.

Урбанистичкиот план е донесен пред десетина години за оваа зона, но тогашната влада го одзеде од општината и беа продадени само неколку локации. Сега зоната е повторно вратена на Општина Куманово, која се обидува да ги привлече инвеститорите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)