Здружението Етно ризница издаде ЦД

На плоштадот во Старо Нагоричане во вторник ќе се одржи манифестација на која ќе биде промовирано првото ЦД на Здружението Етно ризница, кое е дел од проектот Трилогија од изворни народни мелодии од североисточниот регион. Цедето содржи 16 композиции, повеќето се стари песни, изработени во нови аранжмани. Песните ги изведуваат Душко Георгиевски, Влатко Алексовски, Благоја Груевски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Нино Величковски, Васил Валканов од Бугарија и други.

-Навистина е тоа премногу големо богатство и ние се надеваме дека старите песни досега необјавени прв пат го гледаат светлото на денот од 16 композиции 12  прв пат се издаваат многу се богати и аранжманите се извонредно направени, самата музика ја носат наши исклучително професионални музичари како што е Бајса Арфифовска, Гоце Димовски од Синтезис, Цане Петров од Биоритам-изјави Драган Митревски од здружението.

Од здружението Етно ризница истакнаа дека нивната цел е да се зачува историското културно наследство од североисточниот регион.

-Премногу се богати и заслужуваат големо внимание. Досега навистина од други региони на републиката како што е на пример егејската песна она што го работи Љубојна е за почит, и другите региони ги обработуваат нивните стари песни, некако нашиот североисточниот регион, заостанува од овој аспект, да си го промовира своето богато културно историско наследство-додаде Митевски.

Вакви промоции е планирано да се одржат во повеќето општини во североисточниот регион. Организаторите ги поканија кумановци, но и сите жители на околните општини, да присуствуваат на правата промоција во Старо Наогирчане, на која ќе има богата културно-уметничка програма. Манифестацијата која ќе се одржи на плоштадот, ќе започне во 19 часот.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)