Здружението „Коледари“ го одбележа Бадник

Со зурли, тапани и греена ракија по 18 пат членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.

И покрај лошите временски услови голем број на граѓани излегоа да го одбележат најавувањето на Христовото раѓање, Божик. Најпрвин се одржа литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ од каде со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.

Како Здружение на граѓани „Коледари“ основното мото ни беше чувари на традицијата, и ние успеавме, нашата генерација или псотарата генерација, ние не сме го измислиле ова, пред 50тина години со коњ го носеле Бадникот и ја правеле прославата тука. Ние успеавме нашата генерација да ја пренесе таа традиција. Нашето здружение не е само тука за оваа традиција, чествувањето на бадникарското прославување – изјави Мирослав Доневски, претседал на Здружението „Коледари“.

Кум на овогодинешната прослава е младиот Мартин Јакимовски кој вели дека е чест да се биде кум на ваква манифестација.

Првин здравје на сите, на нас, на мојата фамилија, на сите што не дружат, на сите добронамерни души што не посетија и се надевам дека следната година во уште поголем број независно од временските прилики ќе се дружиме сите со насмевка на лицето – изјави Јакимовски.

На денешната прослава беа поделени и бадниковите гранчиња, кои минатата недела здружението ги набра во месноста Забел.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)