Здружение на македонско-бугарско пријателство

Здружението за македонско-бугарско пријателство, синоќа свечено ја отвори својата канцеларија во Куманово. Истата се наоѓа на булеварот Октомвриска револуција, односно во близина на книжарницата Мак-Мар. Здружението ќе има можност  на граѓаните да им ги обезбеди сите потреби информации за Република Бугарија, и на тој начин да придонесе за зближување на народите. Националниот претседател на здружението, Марина Ла Петреска нагласи дека основната цела е поттикнување на европските вредности, кои ќе ја воведат Република Македонија во Европската унија.

-Покрај целата програма што ја имаме покрај сите активности што сме ги сработиле, програмата ни е доста богата културно-образовна, проекти имаме, вклучени сме во многу европски, по програмата Еразмус плус. Направивме многу хуманитарни акции доста посветивме внимание на спортот, децата кои се талентирани, учествувавме на многу заеднички прослави на заеднички датуми кои ги слават заедно Република Македонија и Република Бугарија-нагласи таа.

Петар Колев, еден од основачите на здружението нагласи дека е изненаден од активноста и интересот на кумановци.  Додаде дека голем дел од граѓаните имаат свои бизниси, како и други различни интереси во Република Бугарија, па тие активно ќе бидат вкучени во дејноста на здружението.

-Здружението е исклучително богато и активно, освен на проекти, идеи и дејствија кои се преземени во минатиот период. Многу пријатно сум изненаден од условите на разбирање што значи европски вредности во Република Македонија. Нема да ја сокријам вистината дека младите луѓе   разбираат што е ЕУ ги разбираат европските вредности и се борат и тие да станат реалност во Македонија-наведе тој.

Инаку Здружението на македонско-бугарско пријателство функционира веќе седум години на ниво на државата. Првата канцеларија беше отворена во Битола, потоа Скопје, Кичево, Гостивар, Штип, Пробиштип, Кочани, Кратово и Охрид.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)