Земјоделците аплицираат за субвенции

Земјоделците од Куманово, Липково и Старо Нагоричане деновиве поднесуваат барања за субвенционирање на земјоделството. Досегашната пракса покажува дека во регионот најмногу се аплицира за житните, градинарските култури и за овоштарство, информира раководителот на подрачната единица на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство , Насер Даути.

-Земјоделците можат да поднесуваат и од дома , значи можат да креираат барање во електронска форма . Тие што не се во можност да креираат барање од дома можат да поднесуваат барања во електронска форма, исто така во п.е на мзшв. во Куманово , но притоа треба да се ажурирани податоците од порано во единствениот регистар за земјоделски стопанства . Исто така треба да се проверат и податоците во ветеринарните друштва со кои имаат склучени договори да ги проверат податоците , да ги ажурираат податоците , изјави Насер Даути, раководител на п.е. министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство , Куманово

Земјоделците кои што поднесуваат барања за финансисика помош од државата  добиваат бесплатна помош во потполнување на апликациите од операторите во подрачната единица, посочуваат надлежните.

-Има заинтересирани земјоделци и операторите тука кај нас им помагаат и околу потполнување на барањата за техничка помош со што тие барања се архивираат кај нас бидејќи поради ориентација тие барања за техничка помош се прават и после ажурирање во електронска форма на едно  барање за финансиска поддршка во директни плаќања истото се принта,  од страна на операторите  се потпишува лично од подносителот на барањето или земјоделецот и се доставува до Агенција за финанасиска помош во писмена форма. Апелирам до сите земјоделци кои поднесуваат барање во електронска форма од дома првин да ги проверуваат податоците посебно за крави, овци, пчели, кози со неофицијално барање . Со такво барање тие ќе бидат во можност да ја проверат бројката бидејќи има движење на податоците за добитокот посебно на ситниот добиток и да не останува во нивните барања добитокот што не е веќе во нивното одгледувалиште , но е регистриран во некое друго одгледувалиште поради движење,  под движење подразбираме продажба на добитокот во текот на годината ,изјави Даути.

Според податоците со кои што располага подрачната единица на министерството за земјоделство во Куманово и во единствениот регистар на земјоделски стопанства евидентирани се 6.000 земјоделци  кои што секоја година аплицираат за разни мерки што се предвидени за субвенционирање од страна на Владата на РМ преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот  развој.  Програмата за поднесување на барања во земојделството е отпочната на трети јули, а ќе трае до 15-ти септември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)