Земјоделците заинтересирани за приклучна механизација

31 земјоделци од кумановскиот регион аплицирале на јавниот повик за мерка од европската ИПАРД 2 програмата, кој заврши на деветти февруари. Поголемиот дел од апликантите се заинтересирани за приклучна механизација, информира раководителот на подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството, Џабир Рамадани. 

-Мнозинството од нив аплицираа за приклучна механизација, некои аплицираа за ограда на овоштарници, други за систем капка по капка. Овој јавен повик заврши , а како што е најавено ќе има и други повици. Сега за сега во тек е јавен повик за исплата на каматна стапка за земјоделци кои што зедоа кредит за исплата на добиената земјоделска механизација преку ИПАРД  2 програмата од претходниот јавен повик, изјави Џабир Рамадани, Подрачно одделение на Агенција за поттикнување на развој на земјоделство

Рамадани посочува дека кумановските земјоделци продолжуваат со праксата која што ја стекнале да аплицираат последните два дена пред истекот на рокот, иако јавниот повик траел 45 дена.

– Уште еднаш апелирам до земјоделците  да се подготват и да аплицираат порано бидејќи и тука според принципот по кој работи Агенцијата за финансиска подршка на земјоделски рурален развој кој прв аплицира тој прв и се услужува. Добро би било и овој вид на натпревар да постои меѓу земјоделците, порано да аплицираат, порано да бидат услужени, порано да го добијат повратот на средства од програмите, изјави Рамадани, раководител на Агенција за поттикнување на развој на земјоделство, Одделение Куманово 

Раководителот Рамадани потсетува дека бесплатна соодветна поддршка и помош околу подготовката на документацијата потребна за аплицирање за мерките од ИПАРД 2 програмата земјоделците можат да добијат во подрачното одделение на Агенцијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)