Земјоделците се информираа за ИПАРД кредитите

Триесетина земјоделци од кумановскиот регион синоќа се информираа за ИПАРД програмата, односно гарантниот фонд кој им стои на располагање. Тие имаа можност да се запознаат како можат да аплицираат, кои се условите и поволностите. Предавањето го организираа Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Здружението на земјоделски производители.

-Земјоделците коишто сакаат ќе можат да аплицираат за ИПАРД програмата доколку им е претпоставуваме според анализите дека единствен проблем при аплицирање им било обезбедување на хипотеката за кредитите кои ги бараат, владата обезбеди 50 проценти од гарантниот фонд да го користат земјоделците, да ги субвенционира-нагласи Жарко Милошевски од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Милошевски се надева  дека кумановските земјоделци ќе аплицираат на јавниот повик за ИПАРД 2, кој ќе биде објавен во втората половина на 2016 година. Присутните истакнаа дека се заинтересирани за програмата.

-Јас сум со оваа програма запознаен уште 2011 година кога прв пат дојдоа, но не можевме да аплицираме затоа што нашите земјоделци се многу сиромашни и немаат средства за да платат машини, опрема нешто бидејќи по неколку месеци, години ќе им се врати 50 проценти но во старт немаме… дојдовме тука за да се договориме да аплицираме групно, како здружение на Пчелари па ќе видиме што ќе биде. Се надеваме сега сме повеќе материјално опремени па можеме или опрема за преработка на мед и пчелни производи и за набавување на кошници и пчели-нагласи Зоран Станковски, пчелар.

Со новите поволности постои можност да се модернизира земјоделското производство во државата, односно со подобар квалитет и поконкурентно на домашниот но и странските пазари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)