Земјоделците се информираа за придобивките од ЕУ

Придобивки и предизвици од ЕУ ориентирано земјоделство е насловот на трибината од граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“ , која се одржа денеска во кружната сала во поранешен Комитет. Рурална коалиција, како една од граѓанските организации носители на иницијативата се обидоа на земјоделците од регионот да им ја доближат Европската Унија и Заедничката Земјоделска Политика, како основна политика на уредување на секторот земјоделство и рурален развој.

-Во земјоделскиот сектор заедничко и она на што најмногу се работи е заедничката земјоделска политика, која го опфаќа земјоделството во сите земји кои се членки на ЕУ. Конкретно само за периодот 2021- 2027 веќе се одобрени, проеткот е изгласан 75 милијарди евра ќе бидат на располагање преку овој буџет. Тоа значи за сите земји членки или вкупно 40 проценти од буџетот на ЕУ ќе се оделува за земјоделството. Самиот овој факт доволно говори за тоа која е улогата на земјоделството а со оглед како се прокламираме како рурална средина или 90 проценти е земјоделско земјиште кај нас кое дел се обработува дел не, тогаш сметаме дека со самите овие бројки треба да обрнеме големо внимание на овој сектор-нагласи Лилјана Јоноски, Рурална коалиција.

Дека Евроспката унија посветува големо внимание на земјоделството потврди и професорот Марјан Кипријаноски.

-Ние имаме приближно исти капацитети како Словенија, тие годишно земаат од ЕУ по двете мерки околу 300 милиони евра, што значи дека за нас во почетокот ако останат истите политики би биле за трошење на нашите земјоделци. Мислам дека голем дел од средствата ќе бидат искористени, се наменети и таму но 100 проценти не се искористуваат секогаш но околу 80 проценти се искористуваат.  ЕУ посветува големо внимание на земјоделството пред се заради тоа што како сектор е многу важен за популацијата, бидејќи произведуваат храна која служи за исхрана на населението. Затоа огромен процент од буџетот се наменува за земјоделството, во споредба со нашиот буџет кој е помалку од 5 проценти а овој 40-нагласи тој.

Во рамки на кампањата ќе бидат објавени и две изданија на весникот „ЕУрека“, кој ќе биде бесплатен и ќе биде достапен на најфреквентните места низ државава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)