Земјотресот ги вознемири кумановци

Силниот земјотрес кој вчера попладне го зафати главниот град, беше почуствуван и во Куманово. Според информациите на Институтот за сеизмологија при Природно математичкиот факултет, земјотресот кој ќе случи во 15:10 часот, имал јачина од 5,3 степени според Рихтер, а на длабочина од 16 километри, односно на пет километри одалеченост од Скопје. Кумановци раскажуваат дека слушнеле силен звук а потоа го почуствувале и потресот, кој ги вознемирил. Со страв се сеќаваат на претходните земјотреси кои го зафатиле градот.
-Беше доста јак, како што знаете 5,3 во Скопје, инаку овде е сигурно послаб. Куманово е надвор од таа зона, мислам дека Куманово е малку побезбедно, тоа се случи исто во 1963 година јас сум сведок на тоа време, кога наутро не разбуди-вели еден кумановец.
-Живееме на 4-от кат, седев на стол, и започнав да се тресам, потоа погледнав се тресеше завесата, вратите и слично-додава друга граѓанка.
Регионалниот центар за управување со кризи информираше дека двајца кумановци пријавиле дека потресот предизвикал оштетување на нивните домови. Имено станува збор за постари куќи во кои по ударот се појавило напукнување на ѕидови, и кровната конструкција. Земјотресот беше почувствуван и во Кратово, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Битола, Радовиш.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)