„Зимски фудбалски радости“ во „Христијан Карпош“

Околу 130 ученици од три основни училишта од градот последниве два дена учествуваа на натпреварите во фудбал што се одржуваат во рамките на проектот „Зимски фудбалски радости“. Проектот е на Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во Куманово се реализира преку Општинскиот сојуз на училишен спорт.  

Домаќин на спортските активности е основното училиште Христијан Тодоровски Карпош.

Денеска се натпреваруваа екипи од четврти и петти одделенија , а во текот на вчерашниот ден учениците од втори и трети одделнија информира претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт, Ивица Ѓорѓиевски.

-Во овие активности се вклучени по 16 ученици во екипи , значи 64 ученици првиот ден и исто толку ученици и денеска. Учествуваат по 4 екипи од „Кочо Рацин“,  „Христијан Карпош“  и „Магдалена Антова“ . Проектот освен што е  за радост на учениците и да го засакаат фудбалот, има и натпреварувачки карактер зашто играат куп систем две екипи, победниците играат за прво место, а оние поразените играат за трето место и се добива првак. Ова е проект преку кој децата се запознаваат со фудбалската топка , а во четврто и петто оддеелние и со фудбалот, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општински сојуз на училишен спорт Куманово 

Дводневните активности на општинскиот сојуз на училиштен спорт се реализираат во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово. Нивната соработка е повеќегодишна преку реализација на бројни проекти. „Спорт да, дрога не“ ,  „Безбедни училишта “ и слично.

Инаку, натпреварите во рамки на проектот, „Зимски фудбалски радости” се одржуваат во 21 училиште во Македонија. Намерата на организаторите е постепено да бидат опфатени сите основни училишта во Македонија, со цел развивање на свеста кај најмладите за здраво живеење, практикување спорт, тимски дух.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)