Значително поевтинување на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24-ти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,027 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,810 денари за килограм.

Коментари

коментар(и)