Игор Југ не е осуден за силување, убиство и дрога

Игор Југ никогаш не бил осуден за силување, убиство и дрога по кривичниот законик на Република Македонија, истакнаa денеска од македонското патриотско здружение Владо Георгиев Черноземски. Од здружението посочија дека Дамјан Манчевски и СДС, изнеле куп лаги за нивниот претседател, за кои тврдат дека имаат и судски докази. Тие  бараат Манчевски и партијата јавно да се извинат или во спротивно ќе одговараат пред лицето на правдата. Сметаат дека е нарушен угледот и честа на Игор југ и неговите најблиски.

-За волја на вистината а во име на правдата, во рака држам неколку документи, од институции надлежни за судење и прогон, во кои институции секако не спаѓа партискиот штаб на СДС со овие документи јасно и недвосмислено се докажува дека тврдењата на Манчевски се само гола лага, манипулација и невистина. Впрочем и причината заради која реагираме на пресот на СДС после неколку дена е времето потребно да се извадат сите овие документи од надлежните инситуции, кои се пред колапс и едвај некако функциораат, благодарение на нивната професионалност и непристрасност кои овозможија овие владини документи со потпис и печат да ги обелодениме-посочи Зоран Зафировски, член на МПЗ Владо Черноземски.

Од здружението апелираат до Основото јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни инситуции, да водат јавна, непристрасна и транспарентна истрага за настаните во Собранието од 24-ти април.

-Точно е дека Игор југ, заедно со голем број граѓани, поттикнат од своите патриотски чувства кон татковината, испровициран со пеењето на химна на друга држава и сите случувања што следеа потоа, меѓу првите влегол во Собранието да ја брани уставноста на Македонија нарушена токму од СДС но ниту некого физички нападнал ниту за такво нешто постојат некакви докази во вид на фотографија и видео записи-додаде Зафировски.

Тие прашуваат зошто Манчевски и СДС се обидуваат јавно да го дискредитираат, оцрнат и омаловажат нивниот претседател. Порачаа дека нивните методи нема да поминат кај народот, ниту пак некого ќе заплашат а со Југ заедно ќе продолжат да ја бранат уставноста на Република Македонија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)