Игри без граници во „Пчелка“

„Игри без граници “ е само една од активностите што се реализираат деновиве во сите објекти на детската градинка„ Ангел Шајче“  во рамките на одбележувањето на детската недела, под мотото „ Имам право на среќно детство“ . Денеска оваа спортска активност успешно беше завршена од страна на дечињата во објектот Пчелка, во населбата Гоце Делчев.

-Првиот ден имавме запознавање на децата со детските права и обврските што ги имаат, потоа во вториот дел се дружевме во дворот каде што преку своите ликовни творби ја искажаа својата радост и среќа што сме сите заедно. На осми октомври имавме модна ревија, децата покажаа како се оди на модна ревија. Денеска имавме Игри без граници, имавме две екипи круши и јаболки, се натпреваруваа и децата беа задоволни. За утре имаме планирано повеќе активности, малите групи ќе имаат приредба на ниво на објектот, средните и големите групи ќе положат свежо цвеќе пред бистата на Кочо Рацин во истоименото училиште, а потоа големите групи во истото училиште ќе присуствуваат на активноста -пристап на првачињата во детската организација, изјави Ленче Алексовска, одговорена воспитувачка во „Пчелка“

Активностите по повод детската недела продолжуваат  и наредните денови.

Коментари

коментар(и)