Изберена фирмата за изградба во ИЗ

Заврши тендерот што го распиша Oпштина Куманово со средства добиени од Владата за изградба на атмосферска канализација и на примарни улици во индустриската зона во Речица, информираа од одделението за односи со јавност. Кумановската фирма КООП Инжинеринг ќе ги гради примарните улици, пристапниот пат и атмосферската канализација во зоната која се наоѓа во близина на автопатот Куманово-Табановце.

На тендерот со проценета вредност од 20 милиони денари се пријавиле пет компании, а изберена е кумановската компанија која го доби тендерот за 17 милиони и 100 илјади денари со вклучен ДДВ.

Владата кон крајот на минатата година одвои средства за ифраструктурно уредување на зоната која се наоѓа во близина на автопатот Табановце -Куманово и зафаќа површина од 60-тина хектари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)