Изборниот процес во Куманово се одвива без проблеми, освен потешкотии со фингерапаратите

Изборниот процес во Куманово засега тече без проблеми.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека од отворањето на изборните места не се регистрирани нерегуларности.

Куманово како најголема општина има и најмногу избирачи. Така, денеска на 167 избирачки места право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.

Како што информираше портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска гласањето се одвива нормално, со мали потешкотии на одредени места кога се во прашање фингерпринт уредите за биометричка идентификација.

Техничките екипи на ДИК, појасни таа, се на терен на оние места каде се јавуваат проблеми.

Таков пример утрово екипата на ТВ Плус регистрираше на избирачкото место 1046, во библиотеката „Тане Георгиевски“.

Коментари

коментар(и)